12 млади мажи седеле околу убаво наредени маси со бели салфетки и сребрени садови. Нивните костуми биле уредни и вратоврските совршени додека ја ставале во уста вкусната храна, која содржи формалдехид и бензоат. Дел од храната била покриена со боракс.

Овие мажи биле нарекувани „Отровни единици“, а за 5 години, почнувајќи од 1902 година, јаделе храна подготвена во кујна, под раководство на владата, која содржела чести, но недоволно проучувани, конзерванси. Поради нивното постоење, администрацијата за храна и лекови на Америка подоцна била основана. Денес такво нешто би изгледало незамисливо, но Харви Вили, главен хемичар кој го водел експериментот, ја видел потребата за такви драстични мерки. Од 1800-тите, јавноста се хранела со опасна храна чии состојки не биле регулирани на било кој начин – пивото се мешало со стрихнин, понекогаш имало креда во лебот, а производителите на мед ја продавале гликозата како чист мед.

Во тоа време прехранбените производи кои се произведувале во фабриките, содржеле конзерванси, кои не биле наведени на етикетата. Вили се прашувал дали сите овие нови хемикалии, вклучувајќи боракс, салицилна киселина и формалдехид, не се премногу опасни за луѓето.

Членовите на тимот за труење се едуцирале, имале добри професии или биле студенти на медицинскиот колеџ. Вили не се обидел да го прикрие на никаков начин фактот дека тие учествуваат во експеримент во кој ги ризикуваат своите животи. Користејќи 5000 американски долари добиени од владата, купил храна, ангажирал готвач и ги повикал 12-те учесници. Секој од мажите бил внимателно прегледан, ја проверувале нивната тежина, телесната температура и пулсот – пред и по секој оброк. Покрај тоа, биле земени и примероци од крв и урина. Во експериментот, учеството на жените било строго забрането.

Додека групата мажи јадела храна, полни со конзерванси, општеството се заљубило во нивната храброст и ја поддржувале нивната кауза. До 1903 година, мажите веќе консумирале огромни количини на боракс- најчесто употребуваната состојка во прехрамбените производи. За време на летото одедени учесници се откажале затоа што не можеле да издржат, но 7 останале и било заклучено дека боракс предизвикува стомачни болки, губење на апетит и главоболки, како и неспособност за завршување на било каква работа. Сепак, Вили немал никакви тешкотии во регрутирањето на нови мажи за да започне нов експеримент – овој пат со салицилна киселина. За време на него, сепак, тој бил принуден да го успори темпото.

До 1907 година оние кои не се откажале од експериментот бавно се приближувале кон смртта. Формалдехидот, кој често се користел во млечните производи, им штетел на бубрезите и наскоро учесниците се разболеле. Бензоат предизвикува нездраво губење на тежината и оштетување на крвните садови. По смртта на еден од членовите на групата која починал од туберкулоза, најверојатно предизвикана од слабеење на неговиот имунолошки систем, семејството на починатиот му се заканувало на Вили со тужба. Впрочем, по 5 години тестирање, тој одлучил дека собрал доволно докази дека овие конзерванси се штетни за луѓето.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено