Ова е неверојатниот миг кога група херојски војници ги употребиле нивните тела да формираат човечка брана во обид да спречат поплава на еден град во Кина. Илјадници луѓе од Џиуџианг, град во југоисточната кинеска провинција Џиангси биле присилени да ги напуштат своите домови кога попуштила брана на езерото Бојанг.

Нивото на водата во езерото дошла на опасно високо ниво во последните денови како последица на обилните врнежи. Во вторник во 10 часот наутро браната попуштила, по што водата почнала да беснее низ оризовите полиња во областа. Речиси 100 војници од Кинеската армија се стрчале напомош, предводени од заменикот бригадир Лин Жен-Минг, кој скокнал во водата да направи увид во ситуацијата. Откако видел што се случува, и изготвил план, во водата му се придружиле уште шеснаесет војници, кои со своите тела формирале човечка брана, овозможувајќи останататите војници да имаат време да подготват материјали за поправање на штетата. Војниците стоеле речиси шест часа во водата додека нивните колеги собирале вреќи со песок. До 7 часот вечерта, дупката била поправена.

vj01 vj02 vj03 vj04 vj05 vj06 vj07

Сподели на Facebook
пати видено