Се собрале неколку жаби и почнале да зборуваат за животот.

– Колку е жално што мочуриштето во кое живееме, е толку малку. Да можевме да стигнеме до следното мочуриште, велат дека тоа е многу подобро и поудобно! – почнала едната жаба.

– И јас слушнав дека на врвот, во планините има неверојатно место! Чисто, големо езеро, свеж воздух и нема мали хулигани. – раскажала втората.

– Зошто воопшто зборуваме за тоа? И без тоа никогаш нема да успеете да стигнете дотаму!-велела најголемата жаба.

– Зошто да не? Ние, жабите, можеме сè, под услов да го посакаме! Ајде да и докажеме на таа стара баба, дека можеме да дојдеме до езерото во планината!- велела оптимистичната жаба.

-Ајде! Ајде да одиме .- тие почнале да ги убедуваат останатите жаби да тргнат со нив, а старата жаба продолжила да зборува дека тоа е само голема глупост.

Штом слушнале што мислат нивните соседи, почнале да ги обесхрабруваат и да им велат дека е најдобро да си останат во мочуриштето. Но жабите никого не слушале и самоуверено продолжиле по патот. Тие скокале кон планината неколку дена и полека, се замориле. Така изморени, изгубиле надеж дека ќе стигнат до планинското езеро и засрамени почнале едена по едена да се враќаат назад во мочуриштето. На крај останала само една жаба што продолжила и не застанала сè додека не стигнала до убавото, чисто езеро и таму си живеела.

Таа не била посилна од другите, туку само била глува. Таа не ги слушнала сите оние кои повторувале дека е невозможно да се стигне до езерото. Таа чекорела кон својата цел.

Сподели на Facebook
пати видено