Во денешно време замокот Чахтице е само рушевина, но пред неколку векови бил најозогласеното кралско живеалиште.

Ова место некогаш било резиденција на жена чии дела биле посурови од оние на озлогласениот романски кнез Влад Цепеш, познат како грофот Дракула.

Првично конструиран како Моравски стражарски замок, со умерена големина и едноставна архитектура. фасадата од 13-от век на крајот била обновена. Во текот на наредните векови, тој претрпел неколку трансформации и експанзии, разменил бројни стилови и владетели. Во втората половина на 1500-тите, замокот ѝ бил претставен на грофицата Елизабет Батори, како свадбен подарок за бракот со Ференц Надаждиј.

Батори чии кралски словачки, унгарски и полски корени ѝ доделиле почести да биде една од најбогатите, најпочитуваните жени од благородно наследство, имала привилегиран социјален статус, што е една од основните причини зошто нејзините злосторства не биле откриена уште од самиот почеток.

Историчарите сè уште дебатираат за точниот број на жртвите на Елизабет (кои биле убивани во замокот) што според некои извори е 650 – и сите биле убиени само за задоволство на грофицата.

Најпопуларната приказна е дека во 40-тите години Елизабета започна да копнееда го задржи својот младешки изглед онолку долго колку што може преку бањи во крв. Легендата вели дека таа убивала млади девојки со цел да ја исцеди нивната крв и да се искапе со неа, во надеж дека ќе ја зачува нејзината убавина преку топлината на свежо исцедената млада крв. На почетокот таа избирала сиромашни девојчиња од земјоделски семејства, кои никој немал средства или моќ да ги бара кога ќе исчезнат. По кратко време таа одлучила дека крвта на девојчињата од повисоките сталежи ќе биде поодржлива и повеќе деца и тинејџери почнале да исчезнуваат.

Во текот на две кратки години озборувањата за грозоморните дела на Елизабета почнале да се шират како шумски пожар. Таа била испратена на кралско судење и е осудена на куќен притвор, што резултирало да биде затворена во нејзиниот сопствен замок. Останатите денови ги поминала каменувана меѓу четири ѕида со мали отвори оставени за храна и воздух. Грофицата издржала во својата самица околу 4 години.

Страшни приказни за духови на девојки кружат во врска со замокот, а исто така не се знае точно каде завршило телото на грофицата. Селаните не сакале нејзиното тело да биде закопано во иста земја со нејзините жртви. Некое време по нејзината смрт напуштениот замок бил нападнат од бунтовниците за време на австро-унгарските востанија.

Никој не сакал ниту да се доближи до замокот затоа што го сметале за проклет. Дури и денес локалците се држат подалеку од замокот. Безброј приказни за духови се раскажани за распаѓачкото здание и неколку паранормални емисии ги испитувале неговите простори. Елизабета Батори е официјално класифицирана како најгрозоморен убиец на женски пол според Гинисовите рекорди.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено