Два пингвини биле забележани во раните утрински часови пред железничката станица во Нов Зеланд. Потоа „Бони и Клајд“ се упатиле кон Суши Бар, каде што „барале“ да ги услужат.

Сопствениците на ресторанот не можеле да ги фатат пингвините па решиле да ја повикаат полицијата.

Полицајците успеале да ги фатат животните и да ги однесат на пристаништето, од каде што верувале дека дошле. Меѓутоа ова не бил доволен „отпор“ за лукавите птици. Истиот ден набрзо, тие пак поминале преку прометни улици и урбаниот град за да дојдат до нивниот „омилен“ Суши Бар.

Сопствениците на ресторанот овој пат се јавиле во здружение за спасување на животни и нивните службеници повторно ги отстраниле бунтовните пингвини.

Во ова време од годината, пингвините се парат и најверојатно барале најсоодветно место каде да ги положат јајцата. Суши Бар каде што нивната омилена храна ја има во изобилство и не е толку лоша идеја.

Сепак колку и да изгледаат слатки овие суштества доколку се чувствуваат загрозени можат добро да гризнат.

Сподели на Facebook
пати видено