Персоналот што работи на спомен-обележјето во Канбера останал збунет откако во почетокот на октомври забележале дека булките кои ги оставаат на гробот на еден непознат австралиски војник постојано исчезнуваат.

Кога и да оставеле еден или повеќе цвеќиња тие исчезнувале. Кој би крадел булки од гроб? Чистачот успеал да ја открие мистеријата.

Еден ден додека бил на работа забележал како гулаб се доближува до гробот и зема една булка со клунот и го снемува. Човекот решил да го прати каде ќе оди.

Гулабот застанал во аголот над витражниот прозорец на повредениот војник. Кога чистачот решил да провери што има таму имал што да види. Птицата си направила гнездо од сите булки кои биле донесени за војникот.

Гулабите биле широко користени како гласници во текот на првата и втората светска војна, според историчарот Д-р Мелах Хемптон. „Секогаш кога зборуваме за животни во војна, тие исполнуваат цел или извршуваат задача што луѓето сами не можат да ја извршуваат“, рече д-р Хемптон.

Сподели на Facebook
пати видено