На саемот во Женева беше претставен уникатниот хиперавтомобил Bugatti La Voiture Noire, направен во еден единствен примерок. Автомобилот чини неверојатни 11 милиони евра, а со тоа стана и најскапиот автомобил во светот. Покрај тоа, ја објавија и веста дека автомобилот веќе е продаден.

Како што велат на веб-страницата на компанијата, хиперавтомобилот е модерна верзија на купето Bugatti Type 57 SC Atlantic. “Ова е прослава на естетиката”, вели претседателот на Бугати, Стефан Винкелман, без лажна скромност. Секоја компонента на автомобилот е направена рачно, а телото од јаглеродни влакна има длабок црн сјај.

Срцето на ова уметничко дело е 16-цилиндричен мотор со моќност од 1500 коњски сили. Потрошувачката на гориво исто така е означена на веб-страницата на производителот, иако оваа информација тешко дека би го загрижила сопственикот на ваков автомобил. Така, во урбан режим, La Voiture Noire троши 35,2 литри на 100 километри, во режим надвор од град – 15,2 литри на 100 километри.

Сподели на Facebook
пати видено