Бизнисменот Константин Чомаков од Дупница го сруши светскиот рекорд и ја улови најтешката пастрмка во светот. Уловот на Чомаков тежи цели 14,3 килограми. Рибата се закачила на неговата јадица во 20 часот на 16 јуни. Досегашниот светски рекорд изнесувал 11,2 килограми. Без да знае за својот успех, Чомаков ја исекол рибата, што може да го попречи признавањето на светскиот рекорд, но тежината на рибата е утврден факт. Рибата била уловена на браната Ѓаково.

Огромната риба ги запрепастила сите кои ја виделе, а бизнисменот е на седмо небо од среќа. Со години риболовот е негова страст, а сега неговата посветеност му возврати со огромен рибарски успех.

pas

Сподели на Facebook
пати видено