На бугарските медиуми се појави вест, која е уште еден показател дека некои луѓе едноставо немаат почит кон животот. Во медиумите директно се пренесува соопштението на „Дивите Животни“, организацијата за заштита на животните која интервенирала. Истото го пренесуваме во целост:

bt01

„Никогаш, ама навистина никогаш не можеме да ги разбереме механизмите кои прават еден човек да изврши такво ѕверство. При смена на дрвенаријата на балконот, сопственик на стан од својот балкон на 7-ми кат исфрли 56 лилјаци заспани во нивниот зимски сон, а 12-те преостанати животни ги заѕида живи. Од фрлените лилјаци 16 се мртви, а другите 40 се со тешки фрактури и повреди.

По јавувањето на сосед на бројот 112 за купчиња лилјаци пред зграда, на местото се јавивме ние од „Дивите Животни“. По распрашување го најдовме станот и наемателите нѐ пуштија внатре бидејќи испаничените животни заѕидани живи веќе удираа по ѕидовите. Со човекот кој го извршил ѕверството разговаравме само по телефон и тој тврдеше дека во ѕидот нема ништо, а животните пискаа и драскаа одвнатре. Се наложи со одобрение на кираџиите да направиме две дупки во ѕидот. Извадивме 9 лилјаци кои се залепиле во монтажната пена со која била заполнета дупката. Неколку останаа недостапни, но направивме отвор за и тие да можат да излезат надвор кога малку ќе се смири ситуацијата.

Процепите меѓу панелите се убежиште за цели колонии лилјаци. Се разбира, луѓето имаат право да си ремонтираат, но кога знаеш дека таму има живот, не може, не е убаво и човечки оправдано да се справиш со тој живот на таков начин. Човекот кој го направил сето тоа однапред знаел дека таму има лилјаци, станарите го предупредиле. Ништо, ама апсолутно ништо не пречеше да побара помош и ние да појдеме да ги извадиме животните пред заѕидувањето на ѕидот.

За случајот беше известена Регионалната инспекција за животната средина. Потоа купивме материјали и балконот беше вратен во првичната состојба. Се надеваме дека извршителот ќе биде казнет за умислено повредување и усмртување на голем број ‘рбетници. Сите видови лилјаци се заштитени со Законот за биолошка разновидност.“

Сподели на Facebook
пати видено