Кога Хауард Картер и Лорд Карнавон првпат ги откриле коморите на богатството на фараонот Тутанкамон во 1922 година, тоа бил феноменален настан во историјата. Една извонредна, иако мала, компонента пронајдена на таа локација, се „родила“ од неверојатен настан кој се случил пред 28 милиони години. Ударот на кометата содал компонента која подоцна била искористена како централно место на брошот на Тутанкамон.

Имало многу пронајдоци во гробницата на Тутанкамон и мал артефакт како што е брошот може да биде занемарен од истражувачите. Но најчесто ваквите предмети имаат најбогата историја. Овој одлично сочуван брош имал толку длабока историја, во која што е тешко да се поверува и таа била откриена преку темелно истражување од повеќе дисциплини.

Брошот е кафеаво-жолт Скараб, направен од жолт кварц, направен од песокот на Сахара и потоа обликуван од вештите, древни египетски занаетчии. Хемиските анализи откриле дека кварцот од оваа пустина првично бил формиран пред 28 милиони години, кога кометата влегла во атмосферата на Земјата над Египет.

Песокот се загревал до температура од околу 2.000 степени Целзиусови и тоа резултирало со формирање на огромна количина на жолто силициумско стакло, кое се расфрлало низ површина од 6.000 квадратни километри во пустината Сахара. Овие индиции го донеле професорот Јан Крамерс од Универзитетот во Јоханесбург, Јужна Африка и колегите до оваа извонредно откритие.

Другиот клучен наод било мало камче кое го носи името „Хипатија“, кое било пронајдено од египетски геолог неколку години претходно. Со ова тие дошле до потребните знаци за откривање на катаклизмичниот настан и резултирачкиот состав на пустината. Откривањето на мали дијаманти во каменот, кои се резултат на екстремен притисок било клучно за научниците. Тие заклучиле дека камчето го претставува првиот познат примерок од кометното јадро и така се обезбеди првиот дефинитивен доказ дека Земјата била „жртва“ на комета пред милиони години.

Материјал од комета никогаш не бил пронајден на Земјата освен во микроскопска големина на честички од прашина во горната атмосфера и во мразот на Антарктикот. Вселенските агенции потрошија милијарди долари за да обезбедат најмали количини од комета, но Крамерс и неговиот тим пронашле многу поедноставен начин.

Оваа откритие е од големо значење, поради тоа што кометите кријат тајни за тоа како настанал нашиот сончев систем. Истражувањето сега е проширено на меѓународно ниво и учествуваат научници од повеќе дисциплини.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено