Тим од археолози открил брод во Кина, кој се криел под тиња и кал повеќе од седум века. Експертите сугерираат дека новото откритие датира од ерата кога наследниците на Џингис Кан ја контролирале Кина.

Иако во тоа време во Кина доминирале, политички монголите, кинеската култура преовладувала. Ова е јасно демонстрирано преку прекрасната уметност и артефакти откриени во бродот долг 21 метар. Тие вклучуваат керамика во светли бои на која има насликано змеј и феникс.

Шугонг Ванг од Институтот за културни реликвии и археологија во Шандонг и водач на тимот на истражувачи кои го направиле откритието, напишал во една статија објавена во списанието „Кинески културни реликвии“ дека бродот бил откриен на денешна градежна локација во Хез Сити , Провинцијата Шандонг и бродот бил поделен на дванаесет кабини со дванаесет прегради. Тој, исто така, додал дека бродот веројатно бил користен за речните патувања. Понатаму, археолозите процениле дека бродот датира од династијата Јуан (1271-1368), а тие исто така забележале дека имал светилиште, кабина за капетанот, простории на екипажот, товарни прегради и контролна соба која исто така служела и како кујна.

Во кабината што се користеше како светилиште, археолозите нашле религиозни артефакти, како камена фигура на кога е прикажан тигар и уште една на која што имало насликано змеј. „Повеќе од 100 артефакти беа откопани од внатрешноста на бродот и околината, вклучувајќи артефакти од порцелан, керамика, жад, камен, железо, бронза и злато“, пишуваат археолозите во статијата. Не биле пронајдени човечки остатоци на бродот и археолозите не сакаат да шпекулираат за судбината на екипажот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено