Кога Кевин Виткрофт имал пет години, од неговите родители добил невообичаен подарок: германски шлем издупчен со куршуми, кој самиот си го порачал. Следната година, за време на аукција на автомобили во Монте Карло, од својот татко мултимилијардер побарал Мерцедес, но не обичен: го побарал мерцедесот G4 со кој Хитлер влегол во Судетската област во 1938 година. Том Виткрофт не му ја исполнил желбата и неговиот син плачел цело време додека да се вратат дома.

Кевин Витхофт сега има педесет и пет години, и според листата на богаташи на Сандеј Тајмс, тој поседува 120 милиони фунти. живее во Лестершир, кадешто се грижи за имотот на неговиот покоен татко и го надгледува управувањето со тркачката писта Донингтон Парк и музејот на моторни возила коишто исто така се во негова сопственост. Но, најголемата страст во неговиот живот сепак е, како што тој ја нарекува, Збирката Виткрофт – нашироко позната како најголемата збирка на германски воени возила и други нацистички предмети. Збирката се држела во тајност и под силно обезбедување во индустирски згради коишто Виткрофт ги поседува во југозападна Франција и југозападна Германија. Не е направена официјална проценка, но се претпоставува дека вредноста на збирката изнесува повеќе од 100 милиони фунти. Сега збирката е отворена за пошироката јавност.

29F9139700000578-0-image-a-34_1435362246476 29FECBED00000578-0-image-a-28_1435361269239 29FED1B300000578-0-image-a-35_1435362334946 29FEE43D00000578-3141195-image-a-40_1435363834338 29FEE04700000578-0-image-a-30_1435361334406 29FEEC6400000578-3141195-image-a-39_1435363746002 29FEF33A00000578-0-image-a-29_1435361288391 29FEFB5800000578-0-image-a-31_1435361340477

Сподели на Facebook
пати видено