На 22-годишен Британец кој што сѐ уште не поседува пасош му било кажано дека ќе биде депортиран во Уганда, иако тој е роден во Британија и живее во Шрусбери целиот свој живот.
Кајл Херберт никогаш досега не патувал во странство, но службениците од Министерството за внатрешни работи тврдат дека тој немал „законска основа“ за да биде во Велика Британија.
Кајл, кој работи за синџирот за брза храна KFC, бил вчудоневиден кога го добил писмото во кое му се налагало да ја напушти земјата или да ризикува парична казна од 5.000 фунти, затвор и отстранување со сила. За време на инцидентот тој за малку ќе добиел отказ од неговото работно место бидејќи службениците им се јавувале на неговите шефови за да им кажат дека Кајл е илегален имигрант. Кајл дури и бил суспендиран две недели, без плата, додека да докаже дека е Британец.
Тој сега се грижи доколку ќе сака да патува во странство, бидејќи вели дека никогаш не добил никакво официјално уверување дека предметот е решен. Кајл кој сега работи како молер вели: „Тоа беше едноставно смешно. Од каде им текна Уганда? Бев на работа и мојот менаџер ме повика и рече дека Граничната агенција на Велика Британија се јавила. Тие ѝ рекле дека ме бараат од Министерството за внатрешни работи за депортација.“, вели Кајл.
Британецот вели дека не можел да ги добие службите за да ја разјасни ситуацијата, а по една недела му стигнало уште едно писмо во кое пишувало да се пријави во центарот за депортација. Во писмото се тврди дека тој немал законска основа да биде во Велика Британија, и покрај тоа што бил роден во Англија со родители Фил и Трејси.
По една недела успеал да ги добие официјалните претставници на Министерството за внатрешни работи. Тој рече: „Јас ја објаснив ситуацијата. Бев хистеричен. Му реков дека идејата да бидам депортиран во Уганда е смешна. Му реков на момчето на телефон, дали звучам како да сум од Уганда? Бев префрлен на менаџер кој рече дека немаат поим како и зошто се случило ова.“
Кајл добил само усмена потврда дека станува збор за грешка и поради тоа стравува дека истото може да му се случи повторно.




