20-годишната Бразилка била пријавена за исчезната откако соседите забележале како двајца мажи присилно ја ставаат во автомобил и заминуваат од пред нејзиниот дом. Полицијата ја пронашла жената наредниот ден во куќата на нејзиниот поранешен сопруг.

Жената која е во четвртиот месец од бременоста тврдела дека нејзиниот брат и поранешен сопруг ја киднапирале и присилно ја донеле во неговата куќа. 20-годишниот маж потоа ја силувал и мачел жената. Жртвата има исеченици на прстите и нозете, како и модринки на вратот од нападите.

Додека напаѓачот не внимавал жената успеала да земе сад со врела вода и да ја истури во неговото лице. Поранешниот сопруг признал дека ја киднапирал затоа што „бил лут“ бидејќи го напуштила и по неколку месеци почнала да се гледа со друг маж.

Тој вели дека жртвата го „искористила“ моментот кога не внимавал за да го нападне со врела вода. Братот на жртвата исто така е уапсен за учество во киднапирање. Жртвата е однесена во болница, а истрагата за расветлување на случајот е во тек.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено