Клавино да Силва е познат наркобос од Бразил веќе некое време бил во затвор со максимална безбедност, но секако сакал да излезе од таму на секаков можен начин. Така тој смислил план за бегство кој повеќе наликува на сцена од филм со тајни агенти.

Во посета во затворот на Силва била неговата 19-годишна ќерка Ана Габриел. Криминалецот се договорил со неговата ќерка и уште 7 други жени да го исценираат неговото бегство. Ќерката му донела силиконска маска од лице на жена и перика и додека биде на средбата си ја смениле облеката.

Ана останала во затворот а Клавино продолжил кон излезот. 7-те жени оделе околу него во обид да остане незабележен од полицијата. Сепак полицајците забележале дека „девојката“ воопшто не се движи како жена и откако и останатите жени им станале сомнителни, дошле до „девојката“ ги ја замолиле да се соблече.

Кога ја виделе смешната силиконска маска како од филмот „Бели девојки“ веднаш им станало јасно што се обидува Клавино. Неговата маска била „разоткриена“ и тој бил вратен во затвор.

Полицајците веруваат дека бремена жена од групата ја внела маската и периката бидејќи полицијата не претресува бремени жени.

Клавино кој одлежува казна затвор од 73 години и 10 месеци, бил еден од 30 затвореници кои во февруари 2013 година избегале преку канализациони мрежи. За среќа бил фатен набргу.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено