Така се прави тоа, а не како кај нас, ќе се влечкаат со години по судови и на крај ниту ќе платат, ниту ќе лежат.

Кинеските власти продолжуваат активно да се борат против корупцијата во земјата. Вчера градоначалникот на градот Шант во провинцијата Гуангдонг, беше притворен како дел од специјалната операција. И покрај фактот дека според кинеските стандарди, Шанту е просечен град, со 5 милиони жители, сепак градоначалникот успеал да наполни цел стан со пари.

За време на полициската рација, дури 60 кутии и вреќи со пари биле пронајдени во станот на градоначалникот. По долго пребројување на конфискуваните пари, полицијата соопшти дека запленила вкупно 140 милиони јуани во кеш, што е речиси 21 милион долари. Сега обвинителството ги проверува сите сметки на службеникот и неговите роднини, а градоначалникот го очекува ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР за проневера на голема количина пари.

Сподели на Facebook
пати видено