Марија Лучија Де Алмеида Брага (36) од Бразил, била заклучена 16 години во соба во нејзината семејна куќа. Како казна зошто останала бремена на нејзина 20-годишна вораст, нејзините брат и татко ја затвориле, а откако се породила, нејзиниот син го дале во друго семејство.

Случајот го пријавиле нејзини роднини од градот Урубуретама во Бразил. Откако полицијата влегла во собата, мирисало на урина и фекалии, а девојката лежела на импровизиран кревет, полугола. Во собата без светлина и затоплување, немало ниту тоалет, па Марија ги вршела своите физички потреби во просторот. Семејството и давало храна два пати на ден, а таа времето го поминувала покрај малиот прозорец, кој давал пригушена светлина.

Нејзиниот брат Жао Де Алмеида Брага (48) е приведен од полицијата со обвинение дека 16 години ја чувал затворена неговата сестра и изречена му е затворска казна од 8 години. Нејзината мајка, сега со психички нарушувања, долги години се противела на одлуката на синот и сопругот, но била немоќна да и помогне на својата ќерка и се разболела.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено