„Брат брата не рани, тешко кој го нема“. Секој кој има брат или сестра, знае колку вистина и мудрост има во овие зборови. Ова е една убава приказна за братската љубов и запомнете ја доколку имате брат или сестра, бидејќи Вие сте неверојатни среќници. Негувајте ја љубовта и не дозволувајте ситните караници за имот и пари, да ги уништат односите во Вашите сакани.

Двајца браќа работеле заедно во семејната фарма. Едниот бил женет и имал многу деца. Другиот бил сам. На крајот на денот двајцата браќа делеле се на пола, профитот и плодовите од заедничкиот труд.

Еден ден осаменот брат си помислил:

– Не е фер да делиме сè подеднакво. Јас сум сам и немам потреба од којзнае што.

Затоа почнал секоја вечер да зема по една вреќа жито од неговиот куп и тајно ја префрлал преку нивaта меѓу нивните домови во дворот на другиот брат.

Во исто време другиот брат си мислел: „ Не е фер да делиме сè подеднакво. На крајот на краиштата јас имам семејство, имам жена и деца, кои ќе ме гледаат на старост, а тој ќе треба да се грижи сам за себе.“

Затоа секоја ноќ земал по една вреќа жито и го фрлал во дворот на брат му.

Секоја година двајцата браќа многу се чуделе зошто резервите на жито не им се намалуваат. И тогаш, една темна ноќ, двајцата браќа се соочиле еден со друг. И така разбрале што правеле толку години по ред. Тогаш ги пуштиле вреќите и се прегрнале.

Сподели на Facebook
пати видено