Луѓето често велат дека работите се менуваат по бракот, бидејќи вие се согласувате да бидете посветени еден на друг до крајот на вашиот живот. Според голем број на парови на социјалните мрежи испраќањето на „сек*и“ пораки е нешто што драстично се намалува откако ќе стапиме во брак.

Корисници на Твитер споделија како звучат сега нивните „валкани“ пораки откако се во брак и како всушност иако еротиката малку избледела, смислата за хумор останала, па дури и станала посилна.

„Сопругата: Што носиш?

Јас: Само гаќи

Сопругата: Значи уште ја немаш исперено облеката?

Јас: Не, не сум“

„Toj: Само што ги оставив децата кај баба и дедо! 24 часа сами душо! Почнуваме!

Јас: Ќе ја почнеме од првата сезона на Игра на тронови?“

„Таа: Дојди долу ми треба твоето тело

Јас: Ќе имаме се*с?

Таа: Не, треба да го извадиш остатокот од намирниците од багажникот“

„Ако ти ја имаш сланината јас ги имам јајцата“

„Се*с порака во врска: Дојди бејби цимерот не е во градот.

Се*с порака во брак: Садовите во машината за садови се чисти, ја исправ облеката и ти подготвив за јадење.“

А еве како изгледа и кога ќе добиете бебе:

„Остана до доцна вчера.

Извини душо. Ќе сакаш да видиш дали мајка ти ќе може да го земе вечер за да си легнеме порано?

Секако дека да. Те сакам.“

Сподели на Facebook
пати видено