Античкиот историчар Херодот тврди дека фараонот Кеопс ја изградил најголемата египетска пирамида со пари што биле добиени од „храмска проституција“. Првите проститутки во паганските храмови се појавиле во Вавилон. Првите проститутки во паганските храмови се појавиле во Вавилон. Тоа била една од најчестите форми на обожување на Милита или Белит(има повеќе имиња), божицата на природата и плодноста. Според Херодот, ниту една вавилонска девојка немала право да ја планира сопствената иднина без да ја изгуби својата невиност во храмот посветен на божицата, во кој доаѓале непознати мажи.

Освен тоа било пропишано со закон секоја жена од Вавилон да се појавува најмалку еднаш годишно во овој храм и да има секс за пари со некој непознат странец. Само на странците им било дозволено да имаат секс со жена од Вавилон на тој начин, без разлика дали се веќе во брак или се девици. Откако мажот ја избирал „проститутката“ тој и фрлал пари на здолништето, но жената немала право да го одбие дури и ако биле малку. Потоа таа морала да изврши „сексуално жртвување“. По сексуалниот чин, жената си заминувала, а парите останувале во храмот.

Наскоро религиозната проституција во Вавилон станала толку популарна што повеќе немало место во храмот и биле изградени дополнителни објекти. За време на овие „ритуали“ на овие места не можел да влезе љубоморен сопруг или строг татко. Култот на Милита брзо се проширил низ Западна Азија. Насекаде биле изградени храмови на божицата која во различни земји добила различни имиња – Венера, Афродита, Анаис, Астарта, Уранија.

Ерменската Венера се викала Анаис. Во нејзината чест бил изграден огромен храм, околу кој се исполнувале сексуални ритуали. Но, на жените им било дозволено да имаат секс само со странци. Потоа ги оставале парите на олтарот како жртва за божицата. Се сметало дека една девојка која се занимава со храмска проституција, полесно ќе си најде достоен сопруг – нели благодарноста на Анаис и била загарантирана.

Во Кипар, домот на Афродита, девојките во вечерните часови се „предавале“ на морнарите директно на песок – а парите добиени на тој начин останувале за нивниот свадбен мираз. Во храмовите на Пафос имало групи проститутки во храмот. Интересно е што секое дете родено од нив можело да стане крал на земјата. Од Кипар, светската проституција брзо се раширила низ сите острови на Медитеранот, а со тоа и навлегла во Грција и Италија. Имало повеќе од илјада девојки во храмот на Афродита во Коринт.

Во јужна Индија било задолжително да се даде по една девојка од секое семејство во храмовите за проституција. Во специјално определени простории во храмовите, тие прифаќале членови на одредени касти. Им било строго забрането да прифаќаат членови на пониски касти. Во текот на верските служби во храмовите и улиците за време на поворката биле обврзани да танцуваат. Ако за време на танцот гледачот побара да се забавува со еден од нив, веднаш може да ја задоволи неговата желба со одредена цена. Останатите жени продолжувале да танцуваат, како ништо да не се случило.

Кај античките Инки постоел интересен вид елитистичка храмска проституција. Девојки од најблагородните семејства се испраќале во интернати, каде изработувале предмети за потребите на храмовите. Покрај тоа, го одржувале „светиот“ оган за време на летната долгоденица. Тие биле нарекувани „Деви на Сонцето“ и сите биле сметани за домаќинки на главниот владетел, кој целосно располагал со нив и ги „подарувал“.

Во 594 п.н.е., Солон ја формирал првата државна јавна куќа во Атина во која работеле робови купени со јавни средства. Даноците платени од проститутките претставувале прилично значителен дел од приходот на атинската држава.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено