Шофер на автобус во Пловдив, Р. Бугарија, извадил пиштол и го вперил во свој колега, пред погледите на ужаснатите патници. Една од патничките раскажува за ужасот кој го преживеала: „Здраво! Досега не смеев да ја споделам случката на којашто бев сведок минатата седмица, бидејќи немав никаков видеоматеријал или слика и си мислев дека никој нема да ми поверува. Но откако прочитав една статија за шофер на автобусот бр. 24, сакам да кажам дека тој вози како луд, минува на црвено, заглави жена на вратата, кочи како луд – си помислив дека нема да сум првата која ќе раскаже за тоа. Минатата седмица во четврток, патувам утрото околу 8:00 часот со автобус бр. 29, кој поаѓа од бул. `Христо Ботев` и патува кон ЖР „Тракија“ и потоа свртува лево кон Вишото земјоделско. Но, не застанува на постојката, и наместо тоа му го пресекува патот на автобусот бр. 18 кој во тоа време тргнуваше од станицата. Започнува луда трка по бул. `Санкт Петерсбург`, при што и двата шофери возеа најмалку со 80-90 км на час, при што постојано си го пресекуваа патот еден на друг, без разлика што и двата автобуси беа полни со луѓе. Сето тоа беше придружено со заканувачки знаци и гестови кои двајцата шофери си ги разменуваа еден со друг.

av

Кулминацијата настапи кога стигнавме на семафорот кон ЖР `Тракија`. Шоферот на нашиот автобус извади пиштол и го впери кон својот колега, кој исто така беше застанал на семафорот. Просто немам зборови да ви опишам колку души слеговме уште на првата возможна станица, жал ми е само што немав време да реагирам и да го снимам тоа. Искрено кажано, веќе ми е страв да се качам во автобус на градскиот транспорт. Речиси нема ден да се качам, а да нема некаков проблем.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено