Тоа е битка за која никогаш не сте знаеле дека ви е потребна: анаконда наспроти крокодил. Кевин Доли фотограф на диви и егозтични животни од Њу Мексико уживал во својот ручек во близина на тропските мочуришта на Пантанал, Бразил.

58-годишникот бил на авантура со брод долж дождовната шума во Амазон и кога се свртел го забележал моментот кој му го запечатил патувањето.

На само 10 метри од него имало огромна анаконда од 8,5 метри, која се борела со каимански крокодил. Тие биле вплеткани во борба до смрт.

„Седев на бродот, ручавме, кога се случи тоа. Не можев да поверувам. Слушнав само прскање во водата и кога се свртев го видов каиманот како страда. Се траеше околу 8 минути.“, вели фотографот.

Анакондата толку силно го стегала крокодилот што му ги скршила нозете. Во еден момент снемала воздух и го пуштила, а во тој момент нападнал крокодилот. Тој ја фатил змијата со челустите, но ова не било доволно за змијата.

Таа лукаво успеала да избега од неговата уста, а крокодилот повеќе немал сили. Кевил и луѓето на бродот можеле да гледаат како само крокодилот полека умира, а анакондата „елегантно“ си заминала од „местото на злосторството“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено