На фармата се разболел коњот. Дошол ветеринарот, го прегледал и рекол:
– Ако до утре наутро не стане, ќе го заколеме.
Наутро коњот уште лежел и не станувал. Дошла свињата и почнала да му зборува и да го убедува:
– Ајде, станувај, инаку ќе умреш! Зарем не слушна што рече ветеринарот вчера! Ајде најди сили и исправи се на нозе!
Коњот се помачил, но станал некако.
Фармерот кога го видел коњот на нозе многу се израдувал и рекол:
– Лелеее, жено дојди да видиш, ова е чудо! Ова мора да се прослави! Повикај ги пријателите на ручек, ќе ја заколеме свињата!
Поука: Никогаш не се мешајте во туѓи работи…

Сподели на Facebook
пати видено