Понекогаш колку и да изгледаат лошо работите мал чин на љубезност може да направи голема разлика. Оваа приказна сведочи токму за такво нешто. Еден судбоносен ден, пред 14 години, Џена Номели наиде на Вил Левенс како претурал низ контејнерот. Во тоа време Вил бил на дното во животот, бил зависник од дрога и бездомник.

Но, наместо Џена, која работи како болничарка, да го игнорира како што тоа го прават со повеќето бездомници, таа решила да го сослуша и да му помогне.

Џена го прашала како дошол до тука, а Вил ѝ објаснил дека многу тешко му паднала смртта на неговата сопруга и еднаш пробал хероин и оттогаш станал зависник. Така ја изгубил куќата и сите пари и завршил на улица. Добрата жена секој ден го посетувала му носела храна и облека за да не му е студено. Таа му дала и 7 долари за да си извади документи и го замолила да ѝ вети дека нема да ги потроши на дрога. Наредниот ден повеќе не го видела.

Таа си помислила дека повторно се вратил на стариот пат, па дури и на најлошото, дека починал. Но, по 14 години кога излегла од тоалетот во еден супермаркет ја чекало изненадување.

Вил стоел пред неа целиот расплакан и ја прашал дали се сеќава на него. Џена првин од шок размислила, но веднаш и текнало дека тоа е нејзиниот Вил на кој му помогнала пред 14 години. Парите кои му ги дала за документи навистина ги потрошил за таа намена, решил да се отргне од дрогата, да се лекува, да побара помош.

Тој сега има дом, работа и нова сопруга. Возбудената Џена го замолила бработениот во продавницата да ги фотографира и ја споделила неверојатната приказна, за тоа колку можат луѓето да се променат.

Сподели на Facebook
пати видено