Алин Пирс работел како болничар во болница во Парадајс, Калифорнија каде што беснеат страшни пожари. Тој решил да го ризикува својот живот така што превезувал пациенти од болницата на сигурно со својот автомобил, Тојота Тундра.

Во еден момент пламен го зафатил и автомобилот на Пирс и тој помислил дека неговиот живот ќе заврши тука. За среќа булдожер успеал да го спаси и му го расчистил патот.

Но, Алин не го следел булдожерот. Тој добил повик дека и болницата ја зафатил пожар, затоа тој се свртел и повторно се „фрлил во оган“ за да ги спаси пациентите кои останале таму.

Алин, тим од лекари и болничари заедно им помогнале на пациентите и повредените граѓани на Парадајс да избегаат од огнот.

„Овој автомобил буквално ме спаси денес. Мојот мал град Парадајс изгоре околу мене, а автомобилот ме однесе на безбедно каде можев да им помогнам на другите. Им благодарам на пожарникарите, полициските службеници и моите колеги здравствени работници, сите ние ја евакуиравме болницата и нашите пациенти се безбедни.“, напишал Алин на неговиот Инстаграм профил.

Но, тука не завршува приказната. Кога од Тојота слушнале за храброста на Алин решиле да му подарат нов автомобил.

„Ние сме почестени, бидејќи вие го ризикувавте вашиот живот и Тојота Тундра да ги однесете луѓето на безбедно. Не грижете се за вашето возило, ќе ни биде чест да ви подариме ново!“, напишале од Тојота.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено