Мајка и син од Британија кои се во сексуална врска се кријат од полицијата бидејќи биле предупредени дека можат да се соочат со казна затвор од 15 години. 51-годишната Ким Вест и нејзиниот син, 32-годишниот Бен Форд, кои живеат во американската држава Мичиген, изјавиле дека планираат да се венчаат и да имаат бебе. Но сега, откако американските власти дознале за нивниот инцест, тие се приморани да се кријат. Според законот на државата Мичиген, тие би можеле да бидат осудени на затвор во траење од 15 години, како и доживотно да бидат запишани во регистарот за сексуални девијации.

in01

Тие се во врска откако се запознале во 2014 година и велат дека имаат „неверојатен секс“. Тие стапиле во контакт пред две години откако Форд сакал да дознае повеќе за своите биолошки родители и така се запознал со својата мајка Ким Вест. Почувствувале сексуална привлечност помеѓу нив и го споделиле првиот бакнеж по испиено шише шампањско, а потоа завршиле во хотелски кревет. Три дена потоа, Форд ѝ кажал на својата жена Викторија дека повеќе не ја сака и дека ја остава. „Секогаш кога водам љубов со тебе откако ја запознав, си замислувам дека ја бакнувам неа, инаку не можам да се возбудам.“

Ким Вест пораснала во Ајслингтон, Лондон. Додека студирала во Калифорнија, САД, забременила и родила син на 19-годишна возраст, по што го дала на посвојување. Откако Форд бил посвоен една недела по неговото раѓање, таа се вратила во Велика Британија, но не успеала да воспостави трајна врска со никого и не се омажила.

in02

Во 2013 година добила писмо од нејзиниот син, кој сакал да ги најде своите биолошки родители. Во 2014 година се запознале и оттогаш се во љубовна врска, како резултат на т.н. синдром на генетска сексуална привлечност. Овој феномен бил откриен во 1980-ите од страна на Барбара Гонјо, откако таа ја напишала книгата „Јас сум му мајка, но тој не е мој син“, во која ја раскажала својата лична приказна за средбата со нејзиниот син откако пред шеснаесет години го дала на посвојување.

Во истражување спроведено од Британскиот медицински журнал било откриено дека половина од луѓето раздвоени од нивните родители на млада возраст чувствуваат силна сексуална привлечност кон нив кога повторно ќе се сретнат. Кога семејствата живеат и растат заедно, се развива табу кое ја поништува сексуалната привлечност. Но тие кои го пропуштаат овој развоен период, можат да развијат силни, опсесивни чувства кон нивните родители, па дури и кон нивните браќа или сестри.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено