Средношколец од Њујорк бил снимен како го удира со тупаници и го дави неговиот професор бидејќи не го пуштил да оди во тоалет. Нападот на професорот во замена и рагби тренер Рон Сантавика се случил во средното учииште Гортон во Јонкерс, Њујорк и бил снимен од друг ученик кој стоел во ходникот, при што се гледа како ученикот го удира и пцуе својот професор.

Според изјава на очевидец за CBS New York:

„Професорот му кажа како `не оди` и тогаш детето излезе само од училницата и професорот тргна по него и тогаш детето го нападна професорот. Не треба така, знаете. Кога наставник ќе ви каже не, тогаш е не.“

Полицијата наскоро пристигнала да го истражи случајот, но ученикот наводно не е уапсен ниту е подигнато обвинение против него. Но од училишната управа го суспендирале за пет дена и закажале состанок на одборот на училиштето, како што известува NBC New York.

Џаиро Верас, кој предава во друго училиште во областа изјавил дека нападот е загрижувачки. Тој има две ќерки кои учат во тоа училиште, од коишто едната е на иста возраст како напаѓачот.

„Не гледам никаква почит кон наставникот, авторитетот во училиштето. Навистина многу, многу лоша ситуација.“

Сантавика не бил сериозно повреден за време на нападот, но нема да му биде дозволено да предава за време на истрагата.

Сподели на Facebook
пати видено