Татко и сопруг решил да си го смени полот, на што наводно наишол на големо разбирање и одобрување кај членовите на своето семејство. 55-годишниот Стивен Сандерс ѝ се исповедал на својата сопруга и „сродна душа“ дека веќе не може да се бори со својата потреба да носи женска облека. Но, наместо спротивставување и отпор, Џоси одговорила со „непоколебливо сочувство“, и го повела својот партнер висок 1.8 метри да си купи соодветна женска облека.

Сега тој преминува од Стивен во Памела и преферира за него да ја употребуваат заменката „таа“, а не „тој“ – признава Џоси, која била свесна за неговата навика да купува и носи женска долна облека. Но, обзнанувањето дека од носење на долна облека сака да премине на носење целосна женска облека и промена на полот дошла сосема ненадејно.
„Памела“ од Гластонбери, Англија, вели: „Зборувавме со Џоси и тоа со женската облека дојде одеднаш. Ја крена браната. Одеднаш сѐ си доби смисла во мојот живот. Си помислив на времето кога имав дванаесет години и мајка ми ми даде да носам фустанче и како бев посреќен да растам во женско друштво.“
За да се справи со својот страв од излегување во јавноста облечен како жена, некогашниот Стивен присуствувал на состаноци на трансексуалци, кои ги опишува како „надразнувачки“.

Двојката била заедно осумнаесет години и се венчале во 2006 година, велејќи дека негуваат прекрасна љубовна врска која ја надминува телесната привлечност и дека се среќни како и секогаш. Џоси вели дека реагирала добро на признанието на својот сопруг и ја опишува Памела како „сѐ уште истата личност со која се омажила, само посреќна одвнатре.“
Нивното прво заедничко купување на женска облека го опишува како „страшно и возбудливо“ и била убедена дека продавачките ќе ѝ помогнат на Памела во изборот на нова облека. Но, Памела си уживала во пробувањето на сета таа нова облека.

Децата од нивните претходни бракови – 22-годишната Ели, 20-годишниот Фреди, 18-годишниот Иван, 22-годишниот Антони и 19-годишниот Ник ја поддржуваат Памела исто како и нивната мајка, која вели дека не ѝ е грижа за промената, важно ѝ е само Памела да биде среќна.
Навистина е шокантна зачестеноста на примери за криза на половиот идентитет. Дали ова ќе биде „новото нормално“? Погледнете како само се опишува ова: „Срцепарателната реакција на девојчето кога дозна дека татко ѝ е транс.“

