Џун и Џенифер Гибонс биле близначки, родени во 1963 во Велс. Нивната блискост и неверојатна интелегенција го придобиле вниманието на медиумите, кои ги нарекле „тивките близначки“. Тој прекар го заслужиле така што помеѓу себе комуницирале на јазик кој тие самите го создале. Тоа и не звучи толку лошо…додека не пораснале и ги употребиле нивните моќи да извршуваат злосторства.

Џун и Џенифер Гибонс

bl01

Сестрите Гибонс се деца на западноиндиски брачен пар кој веднаш по нивното раѓање се преселил во Велс. Растејќи како единствените црни деца на училиште, девојчињата се почувствувале изолирани. Поголемиот дел од нивното време го минувале сами, развивајќи криптофазиа, таен јазик кој близнаците го развиваат за да комуницираат помеѓу себе. Исто така, се имитирале една друга и при чекорењето и говорењето.

Креативност

bl02

Кога на 14 години биле разделени во различни училишта (кадешто девојчињата одбивале да разговараат со другите) близначките пак се сретнале после извесно време. Поголемиот дел од денот го минувале во играње со кукли, но потоа понале заедно да пишуваат драми и друга проза. Додека да наполнат осумнаесет години, веќе успеале да објават неколку романи.

Криминал

bl03

Двете се забавувале со американски момчиња, синови на морнар од Америка, коишто по извесно време раскинале со нив. Близначките разгневени се свртеле кон криминалот. Откако биле осудени за ситна кражба и подметнување пожар, Џенифер се обидела да ја задави Џун со кабел за струја, а Џун ја фрлила Џенифер од мост. После овие испади, нивните родители немале друг избор и ги сместиле во психијатриска болница.

Хоспитализацијата и смртта на Џенифер

bl04

Нештата станале уште почудни во болницата, кадешто им биле давани силни лекарства. Но, докторите не успевале да ги спречат чудните ритуали, кои станувале сѐ почудни и почудни. Сестрите се менувале во поглед на тоа кој прв ќе почне да дише следното утро, т.е. едната морала да го задржува здивот додека да се разбуди другата. Исто така, решиле дека една од нив од болницата нема да излезе жива, а другата штом ќе излезе ќе почне да живее нормален живот. На еден репортер Џенифер му кажала дека таа ќе биде таа што ќе умре. Наскоро, во 1993 на Џенифер ѝ се слошило поради ретко заболување на срцето, по што засекогаш замолчала.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено