Мајк Карденаз во 2015 година пронашол мало колибри чии крилја биле скршени. Кутрата птица не можела да лета, а поранешниот офицер на SWAT имал премногу меко срце за да ја остави таква. Тој ја земал птицата, ѝ го дал името Баз и почнал да се грижи за неа.

Редовно ѝ давал вода и хранливи материи, како и безбедно засолниште во неговиот дом во Гровтаун. Наскоро Баз се опоравил и бил спремен да си замине од привремениот дом.

„Морав да почекам додека не се опорави. Тоа траеше околу 8 недели. И тој стана дел од семејството. Леташе низ дворот и кога ќе се измореше се враќаше кај нас, бидејќи тоа беше неговата удобна зона, сѐ додека еден ден не успеа да полета за да презими.“, вели Мајк.

Иако на сите им било мило што Баз се спасил, никој не очекувал дека ќе ја види птицата повторно. Но, Баз веќе секоја пролет доаѓа да го посети својот спасител, Мајк.

Мајк вели дека додека го метел тремот приметил дека нешто му „зуи“ околу главата и кога ја испружил раката Баз веднаш слетал на неа.

Многу колибри ја минуваат зимата во Централна Америка или Мексико и мигрираат на север кон своите домови за размножување во јужните делови на САД и во западните држави уште во февруари, како и во областите кои се на север во пролетта.

Ова не е единствениот „пациент“ на Мајк, тој сега се грижи и за мала верверичка која била напуштена од нејзната мајка. Неговите пријатели од нарекуваат „Д.р Дулитл“

Сподели на Facebook
пати видено