Бизнисмен, кој тврдел дека минува шест часа дневно на својот мобилен, добил рак на мозокот и умрел на возраст од четириесет и четири години. Јан Филипс своите последни месеци од животот ги минал предупредувајќи за ризиците на долгата изложеност на радијација од мобилните телефони. Откако отишол во болница поради остра главоболка, му биле дадени поразителни вести дека има тумор со големина на лимон и дека му преостануваат уште само три години живот. Филипс тврдел дека неговиот рак бил предизвикан од претерана употреба на мобилен телефон, бидејќи неговата работа како извршен директор во голема фирма изискувала да минува повеќе од 100 часа месечно во водење телефонски разговори.

fl01

„Увото ќе ми поцрвенеше кога си заминував од работа на крајот на денот. Не ни размислував што тоа му прави на мојот мозок.“

fl02

fl03 fl04

Покрај хемотерапијата и радиотерапијата во обид да се победи ракот, тој примал и алтеративна медицина, го сменил начинот на исхраната и редовно вежбал, но без успех. Во последните неколку месеци пред неговата смрт, тој покренал кампања со цел да ги натера другите да се свестат за ризиците кои ги носи употребата на мобилните телефони, кои, како што вели тој, се особено опасни за децата. Филипс, кој е поранешен рагби играч, вели: „Својот работен век го минав на телефон. Понекогаш ќе имав двочасовни конференциски јавувања.“

fl05

По неговата смрт, неговото семејство во Карвили, Јужен Велс, примило стотици пораки со сочувство, испратени од целиот свет.

Сподели на Facebook
пати видено