Некогаш посветената веганка којашто штедро делела совети за здрава исхрана и инспирација за илјадници фанови сега вели дека нејзината ограничена исхрана ѝ сторила повеќе штета отколку добро.

25-годишната Џордан Јангер се стекнала со слава на интернет со нејзиниот блог „The Blonde Vegan“ (Русокосата веганка), во кој пишува за својот вегански стил на живот и помага на други да го следат нејзиниот пример.  Но, една година по нејзиното преминување во веганство, калифорнијката се отворила за опасностите до држењето до толку ограничена исхрана во интервју за Њујорк Пост, во кое разговара за нејзината нова книга „Раскинување со веганството“.

vg01

Џордан станала веганка за време на нејзината последна година на факултет во Њујорк. Имала некои недијагностицирани стомачни проблеми и мислела дека јадењето на тоа што таа го мислела за супер здрава исхрана ќе биде добро за неа – и отпрвин и навистина било.

„На почетокот беше многу прочистувачко и детоксирчко и имав наплив на адреналин и енергија бидејќи се чинеше дека моите стомачни проблеми се решени“, вели таа.

vg02

Така, таа останала со тој начин на исхрана и месец откако дипломирала, ја поставила својата веб страница заедно со популарниот Инстаграм профил, кој на крајот собрал до 70.000 следбеници. Како „Русокосата Веганка“, таа ги документирала нејзините навики за здрава исхрана за јавноста, споделувајќи рецепти и совети – хоби кое повеќе ѝ обрнало внимание на тоа што конзумира.

„Опсесијата со мојата исхрана ми го презеде секој буден час во денот. Ми пречеше да водам нормален живот исполнет со дружење и други интереси.“

vg03

Во тоа време, целиот нејзин живот се вртел околу тоа што смее и што не смее да јаде. Станала зависна од сокови за прочистување, а се држела подалеку и од пржена храна, обработен шеќер, глутен и повеќето зачини и сосови. Ограничувајќи го својот избор на храна до таа мера значело дека мора да го планира секој свој оброк, па излегувањето да јаде во ресторан било практично невозможно.

Подоцна објаснила на својот блог: „Кога мајка ми и сестра ми беа во градот, мислам дека не уживав во ниеден оброк заедно со нив. Јадев пред или откако ќе се видев со нив, бидејќи паничев дека храната во рестораните во кои одевме ќе направи да се чувствувам за никаде и ќе ми го наруши системот.“

vg04

Иако тогаш не го знаела тоа, Џордан била орторексична. Личноста со орторексија има фиксација или опседнатост со здрава исхрана што ги прави целосно обземени со тоа што и колку јадат и како да се справат со пропустите. Ова станало вистински проблем кога првичните позитивни ефекти од нејзиниот вегански стил на живот почнале да се намалуваат. Стомачните проблеми на крајот ѝ се вратиле, а заедно со нив дошле и редица други проблеми. Се чувствувала многу изморена и многу брзо се исцрпувала, дури и еден час по јога би ја исцпрел за цел ден. По некое време почнала да ѝ паѓа и косата и многу лесно се повредувала.

vg05

Потоа почнала многу бро да слабее. Во тој период ослабела 11 килограми, доаѓајќи до 47 килограми вкупна тежина. И покрај тоа што не била екстремно слаба, тоа придонело постојано да ѝ биде студено. По една година откако станала веганка и шест месеци откако почнала со својот блог – престанала да добива менструација. И понатаму игнорирајќи го тоа што ѝ го сигнализира нејзиното тело, Џордан не увидела колку нездраво е тоа. Дури шест месеци откако престанала да менструира ѝ текнало, за време на разговор со пријателка која се опоравувала од нарушување во исхрана, при што Џордан видела паралели помеѓу искуството на пријателката и нејзиното.

vg06

Пријателката ѝ сугерирала да се обиде да јаде риба, што таа неволно и го сторила. Два дена подоцна пак ѝ е вратила менстрацијата – праќајќи ѝ јасна и гласна порака.

„Ми покажа колку моето тело умирало да се врати на вистинската патека“, раскажува таа за Њујорк Пост, додавајќи дека по тоа јадење веднаш добила повеќе енергија. Потоа Џордан отишла на доктор, кој ѝ кажал дека страдала од потхранетост и дека во својата исхрана би требало да внесе повеќе риба и јајца. Таа послушала.

vg07

Но, исто така знаела и дека илјадници луѓе се угледувале на неа во нејзиното веганство, и таа не знаела како да им ја соопшти новоста. Така во јуни минатата година го напишала постото „Зошто се тргам од веганизмот“. Во него објаснила како на почетокот станала веган на растителна храна бидејќи телото ѝ се чувствувало добро. Но, потоа почнала да ги игнорира знаците коишто нејзиното тело ѝ ги давало, кажувајќи ѝ дека нејзината исхрана не врши работа.

„Моето тело се обидуваше да допре до мене со месеци, а јас не го слушав. Како резултат на тоа имав голем недостаток на најразлични витамини и хормони и сосема излегов од колосек“, пишува таа.

vg08

Споделила дека иако ќе продолжи да се храни здраво, таа ќе отстапи од веганизмот и ќе побара терапија. Повеќето од нејзините читатели ја пофалиле и ѝ искажале поддрша – но неколкумина не биле толку фини, и почнале да ја напаѓаат во коментарите. Некои коишто биле вегани од етички причини почнале да ја обвинуваат дека повредува животни.

„Неверојатно е како некој може да престане да јаде лешеви и потоа повремено пак да ги јаде“, пишува во еден од коментарите. Набргу изгубила 1000 следбеници.

vg09

„Тоа направи да сфатам колку некои луѓе во веганскиот свет можат да бидат елитисти“, раскажува Џордан.

Но, тоа не ја поколебало во нејзиното решение. Продолжила со пишувањето на својот блог, овој пат под насловот „The Balance Blonde“, сосредоточувајќи се на здравата исхрана. Нејзината одлука се исплатела. Оттогаш го надоместила губитокот на следбеници и сега нивниот број изнесува над 121.000.

vg10

Деновиве Џордан јаде риба,јајца, па дури и црвено месо, пица и од време на време и тестенини. Сѐ уште се грижи за здравата исхрана и често постира слики со нејзините свежи салати без млечни производи, но е помалку пробирлива од порано и верува дека тоа ја прави подздрава.

„Мислам дека етикетите – што се однесува до изборот во исхраната – се многу, многу опасни. Јас сум жив пример за тоа.“

Сподели на Facebook
пати видено