Туристите ретко ги проучуваат законите во земјите во кои што престојуваат, понекогаш познавањето на законите може да спречи многу непријатни ситуации. Сепак овие закони се толку необични што би помислиле дека се работи за скриена камера.

Забрането е да се јадат бисквити на Божиќ

Во Англија во 1644 година, Оливер Кромвел го забранил славењето на Божиќ, затоа што го сметал за неморален празник. Многу атрибути на празникот биле официјално забранети, вклучувајќи ги и бисквитите, но само на Божиќ. Необично е што немало декрет за укинување на законот на Кромвел, така што секој Англичанец технички прави злосторство кога јаде бисквити за Божиќ, но никој не обрнува внимание на тоа.

Не смеете да ги допирате китовите

Еве уште еден чуден закон од Велика Британија. Сите китови, делфини и други морски цицачи во радиус од 4 километри од Велика Британија се сметаат за сопственост на кралицата, па затоа им е забрането да ги допирате.

Не смеете да го спасите давеникот

Забрането е со закон да го спасите давеникот во Кина. Овој закон е поврзан со источната филозофија, наведувајќи дека менување на судбината на една личност е неморален чин. Сепак, скептиците сметаат дека кинеските власти само се обидуваат да го контролираат населението со оваа регулатива.

Нелегално е да се бакнувате на железничките станици

Овој закон функционира и во Франција и во некои станици во Велика Британија. На љубовниците им е забрането да се бакнуваат на железничките станици. За првпат се појавил во Франција во 1910 година, кога возовите често биле одложени од парови кои не сакале да се разделат. Како резултат на тоа, властите забраниле да се бакнуваат на платформите, но сепак направиле специјални „зони за бакнување“, каде што љубовниците можат да разменат момент на нежност.

Не смеете да ги храните гулабите

Во Италија, Венеција ќе добиете парична казна доколку ги храните гулабите. Овој закон бил донесен за да се спречат птиците да ги валкаат со измет статуите.

Забрането Киндер јајце

Познатите чоколадни јајца биле забранети ширум САД од првиот ден кога биле измислени. Причината за ова била дека, според американските закони, забрането е да се ставаат играчки во храна поради страв дека децата ќе се загушат од малите делови. Во 2013 јајцето конечно пристигнало и во продавниците во САД. Властите го дозволиле ова само под услов играчките внатре да се со соодветна големина и да се направени од еден дел.

Не можете да платите само со монети

Во Канада, не можете само да ја отворите касичката и да си купите нешто со ситните пари. Закон кој стапил на сила во 1985 година забранува плаќање со монети само ако цената на набавката е над 10 канадски долари.

Забрането е да го заборавите роденденот на Вашата сопруга

Самоа е независна држава на Пацифичките острови, која е позната по своите необични закони. Еден од нив вели дека мажот не смее да го заборави роденденот на неговата сопруга. Ако тоа се случи, судот ќе го натера човекот да плати парична казна која што оди директно во рацете на неговата сопруга.

Не смеете да газите на пари

Ако патувате во Тајланд внимавајте каде газите. Незаконски е да стапнете на монети или книжни пари на кои се наоѓаат портретите на уважените граѓани на Тајланд.

Сподели на Facebook
пати видено