Дури и најголемите џинови имаат своја нежна точка. Само понекогаш е потребно некој да ги натера да ја прифатат. Боби Хемфрис беше еден вид човек кој не замислуваше мало куче до себе.

Бодибилдерот од Мериленд го поминува своето време претежно во теретана опкружен со силни момци и претходно преферирал кучиња од „опасните раси“. Но, во еден момент неговиот живот целосно се променил.

Сопругата со која што бил 17 години во брак го напуштила. Боби премногу ја сакал и паднал во депресија. За работите да станат уште полоши тој си го повредил своето рамо во теретана и повеќе не можел да вежба, да работи или пак да се натпреварува. Завршил затворен дома и престанал да се социјалзира и почнал да пие алкохол.

Додека животот полека му тонел го посетила неговата пријателка Констанс која имала една мала молба за него. Таа го прашала дали може да ја причува нејзината чивава Лејди додека таа не е во градот.

Тој само слушнал за кучето и бидејќи не сакал мали кучиња не бил многу заинтеренсиран, но решил да ѝ направи услуга на пријателката. Првин мислел Лејди да остане во кафезот во кој пријателката ја донела, но кога ја погледнал на Боби му паднало жал и решил да го пушти кучето во куќата.

Ниту тој ниту неговата пријателка Констанс не очекувале дека само за неколку часа Лејди ќе спие во скутот на Боби. Така Лејди станала редовен гостин кај Боби, а тој едвај чекал да се дружат и кучето му давало нова смисла за живот. Она што било најнеобично е што Констанс го предупредила дека Лејди „ги мрази“ скоро сите, таа не сакала да се гали и бегала од луѓето, но очигледно Боби е нејзината сродна душа.

Тој вели дека Лејди му помогнала секој ден да станува од креветот и дека на некој начин го излечила и го вратила во живот. Затоа Боби решил да им возврати на овие кревки животни. Тој почнал да посвојува чивави кои имаат здравствени проблеми или се чувани во нехумани услови. Сега животот целосно го посвети на овие ситни животни и не планира да престане да им помага на своите мали пријатели.

Сподели на Facebook
пати видено