Стои ситен маж разочаран во кафана… пред него – пиво. Влегува еден набилдан тепач, го тапка по рамото ситниов и му го пие пивото на екс! Ситниот маж почнува да плаче…
Тепачот:
– Доста бе, плачко! За едно пиво ли ќе лелекаш?!
Ситниот маж:
– Слушај сега: Рано сабајлево жена ми ме напушти, куќата ми е празна, банкарската сметка – уште попразна! Потоа отидов на работа и ме отпуштија! Не сакав да живеам повеќе! Легнав на шините – го промениле правецот на возот! Сакав да се обесам – јажето се скина! Сакав да се застрелам – пиштолот заглави! И сега, купувам пиво со последните пари го ставив отровот внатре и ти ми го испи!

Сподели на Facebook
пати видено