Во говорот пред Кралскиот институт на одбрана во Лондон, основачот на Microsoft рекол дека терористите би можеле повторно да ја создадат болеста како што е вариола вирусот (сипаници) за да се создадат хаос. “Биотероризмот е многу поголема опасност од пандемијата,” изјавил Гејтс.

“Напредокот во биологијата им овозможи на терористите да ги создадат големите сипаници, кои што се прилично фатален патоген и во суштина моментално нема никаков имунитет за нив,” предупреди Гејтс. На почетокот на годината тој им посочи на светските лидери во Минхен дека пандемијата може да избрише милиони луѓе и дека тоа ќе се случи најверојатно во наредните 10-15 години.

“Кога размислувате за тоа што би можело да избрише над 10 милиони луѓе сфаќате дека ни нуклеарното оружје не е на тоа ниво. Значи најголемиот ризик доаѓа од природна епидемија или намерно предизвикан биотероризам и без разлика кое од овие две работи ќе се случи луѓето мора да започнат да размислуваат за ризикот од ваквата катастрофа”, е дел од изјавата на најбогатиот човек во светот.

Гејтс исто така посочи дека поради глобалното патување пандемијата би била поголема од Шпанскиот Грип, кој во 1919 однесе 100 милиони животи. Епидемијата би била полоша и од ебола и зика вирусот, но Гејтс смета ќе биде некаков тип на грип.

Бил е револтиран затоа што биолошката војна не е сфатена сериозно и се надева дека ќе успее да ја покрене свеста кај луѓето. Тој вели: “Нуклеарното оружје ќе убие 100 милиони луѓе и ќе престане, но вирусот вариола, нема.”

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено