Смртта е единственото нешто што не можеме да го избегнеме. Факт е дека никој не може да го однесе своето богатство во задгробниот живот и затоа поголем дел од луѓето пишуваат тестаменти во кои им ги оставаат своите богатства на своите роднини. Но, работите не се секогаш толку едноставни. Некои од овие тестаменти се морничави, а некои генијални. но, како и да е, едно е сигурно, тие се уникатни!

Стип кој ја содржи пепелта на творецот.

Покојниот уредник на Марвел, Марк Груенвалд, кој имал огромно влијание врз стиповите за Капетан Америка и Железниот Човек. Тој толку многу си ја сакал работата што сакал да остане дел од универзумот на Марвел и по неговата смрт и затоа барал да објават стрип кој ќе ја содржи неговата пепел.

Творецот на ѕвездени патеки бил погребан во вселената.

Не е иненадувачки тоа што Џин Роденбери бил голем обожавател на вселената. Меѓутоа, изненадува фактот дека Џин бил првиот човек во историјата кој бил погребан во вселената.

Шекспир го оставил само неговиот втор најдобар кревет за неговата сопруга.

Шекспир не бил толку романтичен во вистинскиот живот. Во неговиот тестамент го оставил само „вториот омилен кревет“ на неговата сакана жена, Ен Хатавеј. Поголемиот дел од неговото богатство отишло кај неговата ќерка.

Вечера за мртвите.

Џон Бовман, богат господин од Вермонт, верувал дека постои живот после смртта. Неговата ќерка и сопруга починале пред него, па затоа тој во неговиот тестамент напишал секоја вечер да се служи вечера во неговиот салон во случај тој и неговото семејство да сакаат да вечераат, а за тоа одвоил 50.000 долари.

Тапани направени од кожата на починатиот.

С. Санбор бил американски шапкар кој во неговиот тестамент барал од неговата кожа да се направат два тапани, кои секоја година на 17 јуни ќе се носат на Банкер Хил, каде што ќе се свири Yankee Doodle, како прослава на годишнината на познатата битката за револуционерната војна.

Најромантичниот тестамент.

Вистинската љубов никогаш не умира. Кога Џек Бени, популарен комичар, починал неговата сопруга добивала по една роза дневно до крајот на нејзиниот живот.

Духовна сеанса за Хари Худини.

Хари ѝ ветил на сопругата дека ќе ја контактира кога ќе почине. За таа цел, Худини направил тајна порака што ѝ била позната само на неа. Во својот тестамент магионичарот барал секоја година на годишнината од неговата смрт да биде одржана духовна сеанса.

Најдолгиот тестамент во историјата.

Фредерика Стилвел Кук е позната како автор на најдолгиот тестамент во историјата. Таа починала во 1925 година и остави тестамент што содржи 1066 страници со 95.940 зборови.

Кучето милионер.

Леона Хелмсли, била голем љубител на кучиња. Кога починала во 2007 година му ставила на нејзиното куче Трабл околу 12 милиони долари. Таа не била првата која го оставила богатството на домашното милениче, но овој износ бил најголем дотогаш.

Навистина среќни броеви.

Кога Луис Карлос, богат аристократ од Португалија, починал во 2007 година, ги оставил сите свои пари на 70 непознати луѓе од Лисабон. Корисниците беа избрани по случаен избор од телефонскиот именик.

Барен еден маж ќе жали за смртта на Хајнрих Хајне.

Хајнрих Хајне, поет од Германија, ги оставил сите пари на неговата вдовица Матилда, под услов таа повторно да се омажи. Својата постапка ја објаснил со зборовите: „Затоа што така барем еден маж ќе жали за мојата смрт.“

Наследство на горчина.

Велингтон Берт, магнат од Мичиген, починал во 1919 година, оставајќи многу необичен тестамент. Тој навел дека неговото масовно богатство ќе го наследат неговите потомци само 21 година по смртта на неговиот последен внук. Зошто Велингтон остави такво чудно барање е мистерија.

Последниот преживеан внук на Берт починал во 1989 година. 21 година подоцна во 2011 година, конечно се исплатени 12 далечни роднини на ексцентричниот трговец. Секој од нив добил околу 110 милиони долари.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено