„Хаскл слободната библиотека и сала за опера“ има две различни адреси. Американците велат дека библиотеката е лоцирана на „93 Касвел Авенија, Дерби Лајн, Вермонт“, а Канаѓаните инсистираат дека библиотеката се наоѓа на „Првата црквена улица, Станстед, Квебек“. И двете адреси се точни и било која од нив ќе ве однесе до истиот објект. Едниствено е важна страната од која што доаѓате, затоа што „Хаскл слободната библиотека и сала за опера“ се наоѓа на границата помеѓу САД и Канада.

Една половина од зградата стои во Дерби Лајн, кој е американски град, а другата половина стои во Станстед, канадски град. Граничните градови, Дерби Лајн и Станстед споделуваат многу заеднички нешта. Библиотеката е сместена во, двокатна камена градба стара еден век. Библиотеката и салата за опера биле изградени од Американецот Карлос Хаскел и неговата сопруга од Канада Марта Стјуарт Хаскел и тиа им ја донирале библиотеката на жителите на двете земји.

Таа била намерно изградена преку границата, така што Канаѓаните и Американците можат да имаат еднаков пристап до библиотеката. Библиотеката има само еден влез, на американска страна, но Канаѓаните можат слободно да влегуваат и да ја користат библиотеката, доколку се вратат на нивната канадска страна откако ќе завршат. Меѓутоа, постои излез за истни случаи од канадската страна, кој е затворен.

Внатре во зградата дебела црна линија поминува низ подот од читалната на библиотеката, која ја означува границата Канада-САД. На вториот кат е салата за опера, каде што линијата оди дијагонално низ седиштата, така што сцената и половина седишта лежат на канадската страна додека останатите седишта на американската страна.

Слично на тоа, во библиотеката подолу,книгите за деца се наоѓаат на страната на САД, а остатокот од колекцијата и читалната се наоѓаат во Канада. Поради ова, библиотеката Хаскл понекогаш се нарекува „единствена библиотека во САД без книги“ и „единствена сала за опера во САД без сцена“.

Неколку децении по ред, библиотеката останала центар каде жителите од двете земји се среќаваат и комуницираат. Библиотеката Хаскл можеби е единственото место каде што членовите на семејството поделени со границата Канада-САД можат лично да се видат, без законски да ја преминат границата. Но, во последниве години некои се обидоа да ја искористат релативната порозност на границата. Во 2011 година, Канаѓанец бил уапсен поради наводно шверцување на ранец полн со оружје преку тоалетот на библиотеката.

Исто така Дерби Лајн и Станстед споделуваат една иста улица. Всушност улицата ѝ припаѓа на Канада, но куќите од десната страна припаѓаат на САД. Така што луѓето кога излегуваат од своите домови всушност излегуваат од државата. Некогаш постоела и пошта која им служела на двете држави. Имало еден поштар, две врати и два шалтера, каде што се услужувале граѓаните на двете земји.

Водата за пиење во двата града се испумпува од бунари во Канада, складирани во резервоар во САД и дистрибуирани преку систем кој го одржуваат Канаѓаните. Иако Дерби Лајн и Станстед имаат различни телефонски кодови, телефонскиот повик помеѓу двата града е локален.

„Хаскл слободната библиотека и сала за опера“ се смета за историски локалитет во двете земји поради неговата невообичаена вредност на наследство, бидејќи се наоѓа во двете земји, има двојна функција и симболизира чувството за заедница и добра волја.

Сподели на Facebook
пати видено