Некои убијци полицијата ги открива веднаш по убиството, а некои поради „среќни околности“ или занемарување остануваат подолго време на слобода. Овие жени биле на границата да се извлечат со грозоморни убиства, а една од нив и успеала во тоа.

5. Ванета Хоут

Ванета Хоут била мајка која што убивала. Во 1960-тите и 1970-тите таа убила 5 од нејзините 6 деца, тврдејќи секој пат дека починале од „Синдром на ненадејна смрт на доенчиња“. Таа изгледала прилично тажна и луѓето секогаш ја сожалувале. 20 години подоцна таа самата ги признала убиствата, за време на истражување поврзано за „Синдром на ненадејна смрт на доенчиња“ во кое што и самата учествувала. Ванета ги задушувала бебињата затоа што „многу плачеле а таа сакала мир и тишина.“

4. Џенин Џоунс

Џенин била медицинска сестра на педијатрија во текот на 1980-тите. Таа многу сакала луѓето да и даваат пофалби и комплименти и затоа им инјектирала на бебињата лекови како што е хапанин. Овие лекови предизвикувале одредени проблеми кај децата, како што е срцева парализа. Џенин бидејќи знаела што се случила го „спасувала“ детето и станувала херој на денот. Родителите биле многу благодарни и таа добивала безброј пофалби. Но голем дел од децата и умирале. Таа била отпуштена од првата болница затоа што премногу деца починале на нејзина смена, а потоа кога истото се случило и во втората, болницата покренала полициска истрага. Џенин успеала да умрти 60 бебиња.

3. Леигх Ен Сабим

Оваа жена извршила совршено убиство. Леигх Ен била медицинска сестра кога се омажила за човек 10 години постар од неа, додека го негувала во болницата. Нејзиниот сопруг бил многу заљубен во неа, но таа не се чувствувала така. Кога од Нов Зелан се преселиле во Велика Британија Ен започнала афера со помлад маж кој што излегол од затвор. Сопругот Џон и ја простил аферата и заедно се преселиле во Велс. Една вечер во 1997 година Ен го убила нејзиниот сопруг додека спиел удирајќи го по главата со камена жаба. Најпрвин Ен им кажала на соседите дека Џон ја напуштил поради друга жена, но потоа почнала да се фали и дека го убила и никој не го открил тоа. Никој не и поверувал се до 2015 година кога починала. Тогаш биле откриени остатоците на Џон кој уште бил во неговите пижами. Во одреден момент Ен замолила сосед да и помогне да го премести телото тврдејќи дека е медицински костур кој и останал од деновите кога работела во болницата.

2. Дагмар Овербај

Дагмар била жена од Данска на која што и плаќале да се грижи за деца. Таа откако се заморила од грижата за децата почнала да ги убива. Таа најпрвин ги давела во водата, но подоцна ги ставала живите бебиња во релната и ги печела живи. Таа убила над 25 деца пред некој да сфати што се случува. Таа била осудена за само 9 убиства во 1921 година.

1. Тили Климек

Тили била сериски убиец во Чикаго во раните 1900 години. Луѓето верувале дека Тили е видовита затоа што им кажувала на луѓето кога ќе умрат. Всушност Тили им кажувала кога ќе ги убие. Таа убила неколку сопрузи, соседи, па дури и куче, така што ги труела со арсен. Таа им станала сомнителна на луѓето кога се разболел и нејзиниот четврт сопруг и тогаш завршила во затвор.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено