Даниел Гулд е поранешен бездомник кој стана интернет сензација кога видео со него како свири пиано на улиците во Сарасота, САД, се појави на интернет. Животот на Гулд се променил драматично кога светот минатото лето ја слушна неговата молба, и се чини дека судбината конечно му се насмевна.

pian

Не само што музичарот си обезбедил редовен настап во еден пиано бар во Сарасота, целосен третман за рехабилитација за неговата зависност, повторно се сретнал со неговиот син, туку една година откако целиот свет дозна за неговиот талент, компанијата Трипл Поп Рекордс му понудила договор за снимање за неговиот прв сингл – песната која ја свиреше на минатогодишното видео, „Come Sail Away“ на американската прогресив рок група Стикс. Откако ја приатил возбудливата понуда, Гулд на крај примил честитки и од пеачот и клавијатуристот на Стикс, Денис ДеЈанг.

Благодарение на поддршката од луѓето кои инвестирале во неговиот успех, пијанистот минатите неколку месеци ги минал радувајќи се на почетокот на секој нов ден.

“Најчесто ќе го најдете успехот токму во тој миг кога ви дошло преку глава од сѐ. Ќе се откажам, тоа е тоа. Но, тогаш ќе се поттурнете себеси после таа точка и ќе видите како ви се отвара вратата на успехот“, вели Гулд.

Сподели на Facebook
пати видено