Минатиот месец Дарен Смит возбудено ја планирал својата свадба со неговата вереница Ешли и го прославиле третиот месец од нејзината бременост. Но пред три недели Дарен (30) бил дијагностициран со агресивна форма на леукемија и лекарите откриле дека не можат да му дадат прогноза. Одеднаш, добро планираната иднина станала еден голем знак прашалник.

Затоа минатата недела Дарен и Ешли се погледнале во очите додека ветеранот лежел во болничкиот кревет и тој и рекол на Ешли дека многу би сакал да се ожени со неа. Ешли открила дека и таа размислува за иста работа, а за само четири дена нивната желба станала реалност.

Тие се запзонале во 2016 година на караоке забава и оттогаш како што велат не се разделиле. Една година подоцна Дарен ја запросил Ешли и подоцна дознале и дека ќе добијат бебе. Но, пред околу еден месец Дарен не се чувствувал добро и мислел дека тоа е поради операцијата на гробот, која ја направил во јули. Дарен направил дополнителни испитувања и пред три недели дознал дека има леукемија. Хемотерапијата започнала само два дена подоцна.

Со дијагнозата дошле бројни емотивни прашања. Дали Дарен ќе биде таму за раѓањето на своето бебе во јуни? Дали ќе помине долго време заедно со своето семејство? „Тие не можат да ни дадат прогноза. Не знаат како ќе поминам и дали ќе преживеам или не.“, вели Дарен.

За венчавката обезбедиле венчаница, прстени и церемонија во капелата на болницата. Тие го кажале судбоносното „да“ пред 15 блиски роднини и пријатели, бидејќи од болницата не дозволиле повеќе гости, поради ослабениот имунолошки систем. Тие седеле за време на церемонијата затоа што Дарен имал премногу болки. „Јас ги одбив сите лекови против болки тој ден. Сакав паметот да ми е тука.“, изјавил Дарен. И покрај болката, Дарен рекол дека специјалниот ден бил најсреќен во неговиот живот: „Без разлика на тоа што пред 3 недели дознав дека имам агресивна леукемија, денес ми е најсреќниот ден во животот“.

Дарен служел 10 години во војската. „Ја нарекувам мој ангел, а таа ме нарекува нејзиниот војник. Таа изгледаше апсолутно прекрасно и јас сум најсреќниот човек во светот“. Сега парот го преживува секој ден додека не му завршат хемотерапиите на Дарен, за да започне со третманот. Тие сонуваат еден ден да купат фарма.

Сподели на Facebook
пати видено