Секој сака да има фотографии од најубавиот ден од животот. Но, Стеф и Пол Унвин беа толку разочарани од своите свадбени фотографии што завршија на суд. Секоја трета фотографија која ја направил фотографот Дејвид Килкурс била замаглена, а да биде уште полошо тој направил многу повеќе фотографии од девериците отколку од среќната двојка.

И толку кога помислиле дека не може да биде полошо и од тоа, фотографиите од девериците вклучувале „несоодветни“ кадри од нивните задници и деколтеа. Дејвид направил 11 фотографии од младенците, 70 од невестата и не направил ниту една фотографија од родителите на младенците.

Фотографот, Дејвид во своја одбрана вели дека за лошите фотографии било виновно времето и дека младенците ги сечеле фотографиите за да изгледа дека се фокусирал на девериците.

29-годишната Стеф, која работи како медицинска сестра и 30-годишниот Пол, му платиле на Дејвид му платиле 620 евра за „услугата“ на Дејвид. Но разочарувањето пристигнало веднаш штом ги виделе првите примероци од фотографиите.

„Кога добивме дел од фотографиите му реков ‘Дали ова се сите фотографии, бидејќи сум многу разочарана?’ Тој се сврте и ми кажа дека направил илјадници фотографии. Кога го добивме сите фотографии имаше вкупно 1.636, од кои 559 беа замаглени. Тој рече дека тоа се ‘грешки’. Немаше ниту една од сватовите, нашите родители, но од двете деверици имаше скоро 100 фотографии.“, вели невестата, Стеф.

Дејвид Килкурс

Стеф вели дека откако го тужеле Дејвид други младенци ја контактирале за да се пожалат за неговата услуга. Дејвид ги обвинува младенците дека го уништиле неговиот бизнис и дека од направени 1.000 ангажмани досега имал само 10 поплаки, кои не биде по негова вина туку зависеле од вкусот на луѓето.

„Знам дека фотографирањето се интерпретира различно од различни луѓе, но кога правите три последователни фотографии од нечиј задник, тоа не може да биде случајност.“, додава разочараната невеста.

Сподели на Facebook
пати видено