Бебето орангутан Бади имал тежок живот пред Меѓународната организација за спасување животни во Индонезија да му притекне на помош. Во текот на првата година од неговиот живот Бади бил чуван во ужасни услови. Живеел во кафез за кокошки и бил хранет само со кондензирано млеко кое полека го убивало.

По неговото спасување и пристигнувањето во центарот за спасување животни, неговата критична состојба станала очигледна кога малото плачело секогаш кога ветеринарот ќе се обидел да го придвижи. Неговото тело било премногу слабо и страда од тешка потхранетост.

Во овој видео клип снимен кратко по неговото спасување, ветеринарката Кармел го храни бади со шише млеко, а ветеринарката Жаклин го мери малото болно мајмунче.

Сподели на Facebook
пати видено