Јужноафриканскиот спринтер Вејд Ван Никерк го вџаши олимпискиот стадион, рушејќи го светскиот рекорд на 400 метри. 24-годишниот тркач од Кејптаун даде блескав резултат на патеката со време од 43.03 – рушејќи го 19 години недопрениот рекорд на американската ѕвезда Мајкл Џонсон. И четирикратниот носител на олимпискиот златен медал беше еден од првите кои му честитаа на новиот шампион, велејќи му: „О, Боже мој! Од осмата патека, до светски рекорд. Тој ја совлада толку брзо. Никогаш не сум видел такво нешто од 200 до 400 метри. Дури можеби трчаше и побрзо во вторите 200 метри. Браво, младичу! Светски рекорд. Вејд Ван Никерк направи масакр.

Но, додека толпата насобрана во стадионот го извикуваше името на новиот херој, негов најголем навивач беше неговата 74-годишна прабаба, која исто така била и негов тренер. Анс Бота, од него постара точно педесет години, е таа која го водеше до неговата олимписка слава.
„Тие се исклучително блиски, многу поврзани и со голема доверба и почит еден кон друг“, обаснува ДБ Принслу кој 25 години бил колега со г-ѓа Бота.
„Но, таа не трпи никакви глупости. Има свои правила, свои стандарди и многу држи до дисциплината во тренирањето и натпреварувањето. Тани Анс има строг режим и секој го почитува тоа. Вејд знае на што стои со неа, го почитува нејзиното искуство и вештини и ја користи сета мудрост која таа може да му ја понуди“, додава тој.

Позитивното влијание на Бота врз перформансот на Ван Никерк од кога започнале да работат заедно пред три години е драматично.


