Маж оди во берберница, му доаѓа редот и седнува на столот за бричење. Берберот забележува дека образите му се доста овенати и дека тоа ќе го отежни бричењето. Буричка во фиоката и вади една дрвена топка.
– Господине, ако сакате лапнете ја оваа топка. Од неа образите ќе ви се исправат и ќе можам да ве избричам подобро.
Човекот ја лапнува топката и берберот брзо и вешто почнува да го бричи. По некое време муштеријата прашува:
– А, што ќе се случи ако без да сакам ја голтнам топката?
– Нема да бидете ни прв ни последен, господине! – одговара берберот. – Ќе треба само утре да ми ја донесете, бидејќи имам и други клиенти со овенати образи.

Сподели на Facebook
пати видено