Градот Берат се наоѓа во јужно-централна Албанија, и е познат по убавината на старата архитектура. Прогласен за Светско наследство на УНЕСКО, Берат бил еден од поважните албански градови за време на Османлиската империја и голем занаетчиски центар кој специјализирал во дрводелство. Денес тој е еден од најдобро зачуваните градови со стара архитектура на Балканот.

Тоа што Берат го прави толку посебен се традиционалните балкански куќи кои се искачуваат по ридот на кој е сместена Бератската тврдина од 13. век. Овие куќи биле изградени во доцниот 18. и 19. век и типично имаат два ката при што првиот кат е изграден од камен, додека истакнатиот горен кат (чардакот) е обоен блескаво бело. Поради ова, и поради стрмноста на ридот и збиеноста на куќите, тие изгледаат како да се наредени една врз друга. Овој поглед од маалото Горица, на левиот брег на реката Осум која тече низ градот на Берат му го донел прекарот „градот со илјада прозорци.“

Инаку, името на градот потекнува од честиот словенски топоним „Белград“. Ова е само еден од бројните показатели за тоа колку се измешани историите и културите на Балканот.

br01 br02 br03 br04 br05

Сподели на Facebook
пати видено