Длабоко во сибирскиот мраз, има остатоци од степските „изгубени џинови“, Мамутите. Тие лежеле таму илјадници години, совршено сочувани, но сега се плен на руските пирати. Во последните неколку години ловокрадците се насочиле кон пронаоѓање на „етничката слонова коска“ од древните Мамути. Само еден заб од овие суштества чини од 30.000 долари па нагоре. Сепак ископувањето на овие коски, не е лесна работа.

Волнените Мамути талкале по северната хемисфера пред илјадници години се додека не изумреле во последното ледено доба. Пиратите патуваат неколку часа надвор од цивилизацијата и избегнуваат полициски патроли со цел да го пронајдат, како што го нарекуваат тие „Сибирското бело злато“. Во овие неверојатни фотографии снимени од Амос Чапле за Радио Слободна Европа, се открива бедниот живот, потопен во вотка, студ и мраз кој го живеат овие „модерни пирати“.

Еден заб од волнен Мамут кој тежи околу 65 килограми се продава за 34.000 долари а рог од влакнест носорог достигнува цена од 14.000 долари. Рогот од носорог се меле и се продава во Виетнам како лек.

Иако работата е многу ризична шансите да се пронајде нешто не се многу големи. Често овие луѓе го разботат овој „бизнис“ со загуба. Тие имаат едноставни тактики на барање. Првин тие со наострени стапови ја прободуваат земјата и бараат знаци на коски, а потоа со помош на пумпи за вода, вадат вода од реките и со силен млаз ја одмиваат земјата. Некои од нив одат и во подземни тунели.

Околу 50-60 мажи живеат во шатори, во текот на целото лето, во ужасни услови. Мечките и инсектите биле најголемата надворешна опасност, но кога мажите ќе се напијат од вотка тие самите се претворале во животни и имало голем број на тепачки и насилно однесување.

Сподели на Facebook
пати видено