Малата Мија Хонка, која сега има пет месеци, беше дијагностицирана со Остеогенеза Имперфекта – позната и како кршливи коски – откако медицинските лица забележале дека има скршеница на бедрената коска додека била во матката.

Девојчето има толку кршливи коски што дури и кивање, кашлање или смеење може да предизвика скршеница.

Мајката Ема Томлинсон (37) и таткото Луис Хонка (32) од Хул, Источен Јоркшир, сега мораат со големо внимание да се грижат за своето новороденче третирајќи ја како „порцеланска кукла“.

Мајката на три деца, Ема вели: „Мораме внимателно да ја креваме, да ѝ ја менуваме пелената или да ја капеме. Таа е толку деликатна, дури и најмалиот удар може да предизвика скршена коска. Нејзиниот татко дури стави лепенка на нејзината носилка која гласи ‘внимателно ме кревајте имам кревки коски’, за да ги предупреди луѓето.“

Таа дознала дека нешто не е во ред со нејзиното бебе во 20-тата недела од бременоста, но вели дека не ѝ било грижа затоа што знаела дека оваа бебе ќе биде сакано. Единствено се грижела состојбата да не го убие нејзиното бебе. Таа го има и 11-годишниот син Џошуа и 3-годишниот Маркус и вели дека таа и сопругот многу сакале да имаат девојче.

Мија била родена со царски рез и родителите не ја знаеле точната дијагноза дури три дена по нејзиното раѓање. Сепак Ема вели дека ќе се труди на нејзината ќерка да ѝ подари исполнет живот, иако е нежна како „порцеланска кукла“.

Сподели на Facebook
пати видено