Бебе родено со половина срце конечно било пуштено да си оди дома откако преживеало ризична операција на отворено срце на возраст од само четири дена.Реџи Ејслин се родил со синдром на лева срцева хипоплазија, ретко нарушување поради кое половина од неговото срце не се оформило како што треба. Откако шест години се обидувале да добијат бебе, неговите родители Ли и Мишел, на возраст од 35 и 34 години, добиле поразителна вест за време на скенирањето на утробата на мајката во 20-тата недела од бременоста. Докторите им кажале дека има само 50 отсто шанси за преживување, дека ќе треба да му се извршат три тешки операции на срцето и дека веројатно нема да ги преживее тинејџерските години.

bb01 bb02

Но, храбрата двојка решиле да не одат на абортус, и така тој се родил на 1 септември со тежина од 4,4 килограми. Само четири дена по неговото раѓање, Реџи бил подложен на операција на отворено срце за да му го „преправат“ срцето – мачна деветчасовна операција која му оставила голема лузна на неговите гради. Оваа недела неговите родители конечно добиле можност да го одведат дома во Гримсби, Линколншир, Англија.

bb03 bb04

„Во еден миг, пред еден месец, почнав да се прашувам дали воопшто ќе можам да си однесам синчето дома“, вели г-н Ајслин. „Кога се роди, не знаевме ни дали дише и дали ќе ја преживее операцијата – но тој ја преживеа. По операцијата ни беше кажано дека Реџи можеби ќе остане три или четири месеци во болница за целосно да закрепне. Малку се плашевме да го однесеме дома, но добро му оди. Тој е мал воин. Тој е мало чуда. Многу сме возбудени и се радуваме што со него дома ќе го прославиме првиот Божиќ…. Со оглед на тоа што преживеа тешка операција, му прогнозираат дека претстојните ќе ги мине без проблем. Првата операција е секогаш најдолгата и најкомплицираната, па така тоа беше најголемата пречка. За време на првите неколку недели од својот живот тој преживеа многу повеќе отколку јас во своите 35 години. Тој дефинитивно е мал борец“, вели таткото.

bb05 bb07

Сподели на Facebook
пати видено