Дали и вие како деца сте сонувале да станете суперхерој? Понекогаш оваа желба останува да не прати и кога ќе станеме возрасни, но подари стандардите кои ни ги налага општеството се однесуваме „примерно“ и „зрело“.

Сепак тешко е да се одолее кога знаете дека можете да си ја исполните желбата, конечно, без да имате последици. Вака размислувал и сега поранешен банкар од Сао Паоло, Бразил, откако решил да даде отказ од работното место.

Банкарот дал отказ и му останал уште еден ден на работното место и тој решил да го искористи максимално за забава. Неговите колеги не можеле да престанат да се смеат откако дошол на работа облечен како познатиот суперхерој Спајдермен. Тој почнал да им дели слатки на неговите колеги, а тие уживале во неговата смисла за хумор.

Еден од колегите напишал на социјалните мрежи дека шефот прилично се налутил на потегот на сега нивниот поранешен вработен, но затоа останатите колеги ќе го паметат само по убави работи.

Сподели на Facebook
пати видено